Турбофолк: Античко оро

YouTube Preview Image

„Античко оро“ во изведба на некое КУД „Никола Карев“ од Австралија се шири како чума на потсмевот по Фејсбук.

Зар не гледаат дека ваквите очигледни, новокомпонирани „народни“ „обичаи“ директно влијаат на нарушување на имиџот за исконското потекло на етничкото македонско наследство.

Барем пластичните костими и реквизити им изгледаат подобро од оние на роднокрајната фушерајска фаланга што ги пречека Хунзите.

6 коментари »

  1. lupcobocvarov Said,

    март 9, 2010 @ 21:59

    А да напишеш нешто повеќе за да сфатам што значи ова:
    “имиџот за исконското потекло на етничкото македонско наследство.“

  2. razvigor Said,

    март 9, 2010 @ 23:56

    Љупчо Бочваров: „имиџот за исконското потекло на етничкото македонско наследство“ поопширно значи: претставата/сликата која за сега е широко прифатена од голем број луѓе од целиот свет за тоа дека етничките Македонци имаат посебна култура градена преку разни историски влијанија и предавање од колено на колено низ неброени генерации, како и било кој друг народ.

    Ако едно играорно друштво реши бесценетите народни носии (или нивните верни копии погодни за танц) да ги замени со реквизити кои не се разликуваат од пластични детски играчки, ако наместо кореографија која е колку што е можно поблиска на онаа што ја играле нивните баби и дедовци на средсело реши да презентира некој вид симплифицирана мини-театарска претстава врз основа на модерните и исполитизирани замисли за некои историски ситуации за кои нема останато трага во таква форма во народното творештво може или да се нарече себеси група за перформанс, или на оние кои тврдат преку таквото однесување да им пружи аргументи дека немаме изворна традиционална култура туку дека сега еве, на лице место си ги измислуваме нејзините елементи.

    Немам ништо против да се реинтерпретира историјата на секаков начин, дури и преку танц и театар. Но ако не се стави во соодветен контекст (шегобиен, ироничен, освестен, критички, протестен) се остава простор, поради низа слични примери кои придонесуваат за нашата мизерија, таквите реинтерпретации да се сватат како обид или амбиција за ретроспективно менување на нашата традиција која ионака е во изумирање, за забрзување на етноцидот преку замената на изворните вредности и културни артефакти со нешто што може да го измисли и склопи било кој (па и грчки) седмоодделенец после едно читање на биографијата на Александар од Плутарх или сликовницата од В. Тупурковски.

    Додека играорциве го играат „античкото“ (сосе кисело-смешните делови на меѓусебно колење за да се издигне еден лидер, улогата на жените како освежување за воините итн.) не го играат ниту „пајдушко“, ниту „комитско“, ниту „калајџиско“, ниту „тешкото“.

  3. Антиката е за во кафана, ама и за на бина » Археолошки дневник vol.2.1/2 © Said,

    март 10, 2010 @ 09:40

    [...] видеово ги сврте фејсбук, твитер, блоговите (1,2) и послужи за потсмев кај корисниците, а подоцна се [...]

  4. lupcobocvarov Said,

    март 10, 2010 @ 10:23

    Добро, Развигор, убаво склопено ми одговори и се восхитувам на елоквентноста.
    Ама, таа зборува ЗА ТЕБЕ и толку.
    Од неа ни ронка нема да се припише ни на мене ни на било кого што се идентификува себе си како Македонец, било каде во светот.

    Па така, ниту ронка од презентираното во видео клипот не треба да се припише на било кого што себе се идентификува како Македонец, било каде во светот, само заради тоа што така се претставиле некои Македонци во Австралија.

    Никој не ја поседува историја или културата на еден народ – тоа се нешта кои не можеш да ги патентираш и правно да ги заштитиш од “погрешна“ интерпретација.

  5. Археолошки дневник vol.3 » Антиката е за во кафана, ама и за на бина Said,

    март 10, 2010 @ 10:54

    [...] видеово ги сврте фејсбук, твитер, блоговите (1,2) и послужи за потсмев кај корисниците, а подоцна се [...]

  6. stefus-refus Said,

    март 10, 2010 @ 10:55

    Развигорче следниот пут како продуцент ќе им биде Dream Works па ќе им обезбедат Light Sabers и дроиди или у Тегет Плава Аватаска униформа на коњи со 6 копита и USB-mind портови ќе ги тури Лукас :-D

RSS feed for comments on this post · TrackBack URI

Напиши коментар

You must be logged in to post a comment.