Амандман 1984 на Уставот на Република Македонија

Собранието на РМ вчера ги усвои измените на Законот за електронски комуникации со кои спротивно на Уставот се овозможува постојано и неконтролирано прислушкување на сите кои користат телекомуникациски услуги на територијата на Република Македонија.

За потсетување, Член 17 од Уставот:

Се гарантира слободата и тајноста на писмата и на сите други облици на општење.

Само врз основа на одлука на суд може да се отстапи од начелото на неповредливост на тајноста на писмата, ако е тоа неопходно за водење на кривична постапка или тоа го бараат интересите на одбраната на Републиката.

Негативните последици од овој потег на власта се огромни: по луѓето во неа кои сега и „легално“ може да бидат прислушкувани без судски налог и без никаква можност да ги спречат веројатните злоупотреби, но и по меѓународниот углед на Македонија.

Носењето на ова „решение“ веќе имаше одек и во странство: на Боинг боинг осамна пост со дискусија на темава, кој го линкува и Повикот за заштита на приватноста од 16 НВО кој го поддржаа скоро 400 граѓани – до моментот на пишување на постов.

Боинг боинг е меѓу најпопуларните блогови на светот (седми во моментов, според Технорати), а постот e напишан од Кори Доктороу, влијателен новинар и писател на научна фантастика.

Некои домашни медиуми (Алфа, Сител, Кирилица) објавија вести за настанов, ако наидете и други линкови споделете ги во коментар, каузата на ФБ или по е-пошта.

Неопходно е домашната јавност да ги согледа последиците од овој чин и да го искаже своето мислење. Доколку ви е гајле за вашата приватност и приватноста на вашите блиски, поттикнете ги да се активираат на темава. Споделувајте информации и придружете се на претстојните активности за заштита на личните податоци.

Во историјата на Македонија добро е позната штетноста на шпијунирањето и кодошлакот, применувани од разни окулаторски и ненародни режими. Од забраните и во домот да се зборува на мајчин јазик, до прогон и терор врз нашите предци кои се осудиле да мислат со своја глава.  Зар ќе дозволиме нашата сопствена држава да ги применува истите методи?!

Дали има начин да се дознае кој пратеник гласал за или против  овие измени? Би било супер ако им пишете по е-пошта или на нивните профили на Фејсбук што мислите за овој чин. И секако потсетете ги оние меѓу нив што знаат да читаат да го прочитаат уставот, барем еднаш. Иако требале кога ја прифатиле работата за која добро ги плаќаме од нашите заеднички пари. Копија на неговиот текст има на веб-сајтот на Уставен суд, во менито „Основни правни акти“.

10 коментари »

  1. razvigor Said,

    јуни 17, 2010 @ 10:23

    Попатно и да го прифатиме фактот дека пратениците од власта се партиски војници кои не гласаат според својата совест туку само исполнуваат диктати, срамота е ако е точен податокот дека само 9 пратеници од опозицијата гласале „против“.

  2. ХулаХопа Said,

    јуни 17, 2010 @ 10:25

    се согласувам дека тоа не е во ред, но сметам дема е-пошта нема да помогне, иако е во ред да се прати. дискусија не чув, на тв или не знам, можеби ти си пишувал нешто поопширно, но, да земеме во предвид дека мвр одсекогаш имале пристап до сите телекомуникации, а ова офрмално решение е срамота за оваа влада. но, нема да држи. тоа што го знам е дека американски компании продаваат аутдејтед софтвери на странски држави кои се користеле во америка поред добри 10 години. системите се невидливи, ниту по ај-пи адреса ниту постојат о некој систем, но се таму, а ако постои интерфејс со сите провајдри на телекомуникациски системи, прогамот може да гледа и да прати кој со кого за што комуницира. тоа што го знам е дека таквите системи не чинат повеќе од 100.000 долари, што за една држава е гола вода. верувам дека мвр има такви работи, а ова со прислушкување и позиционирање (pin-point) на поединците во место/време е далеку од во ред. исто така, не е за занемарување и линијата која како лог трага ја остава мобилен телефон, со што индиректно се покажува на позицијата на одреден човек, што има свои позитивни, но од гледна точка на овој закон (кој ќе мора да падне) крајно негативни последици по слободата на човекот. но..

  3. razvigor Said,

    јуни 17, 2010 @ 12:20

    Овие два коментари од читатели на Боинг боинг ми се посебно интересни…

    MrsBug • #4 • 12:44 PM Wednesday, Jun 16, 2010 • Reply

    :Erases Macedonia off the list of Places to Live When I Get Rich:

    Digilante • #7 • 12:56 AM Thursday, Jun 17, 2010 • Reply

    Interestingly, Macedonia has been trying hard to position itself as a good place to open IT companies, with things like lower taxes, ease of opening a company, high speed communications infrastructure, privacy, skilled labour force and so on.

    I guess this move really kicks the ass of all those plans. No sane IT company is going to make an effort to open offices there now.

  4. advocacy.org.mk » Blog Archive » За измените на Законот за електронски комуникации Said,

    јуни 17, 2010 @ 13:23

    [...] – Филип Стојановски (развигор) [...]

  5. Global Voices in English » Macedonia: Law on Electronic Communications Invades Citizens’ Privacy Said,

    јуни 17, 2010 @ 16:02

    [...] author Filip Stojanovski, who blogs at ;) Razvigor, in his post “Amendment 1984 of the Constitution of the Republic of Macedonia” [MKD], shares an excerpt from the Constitution: As a reminder, Article 17 from the [...]

  6. Митре Said,

    јуни 17, 2010 @ 20:26

    Да имавте малку акал немаше да праите иницијатива против нарушување на приватноста рекламирајќи кауза на Фејзбук (posterchild за нарушување на приватноста).

  7. razvigor Said,

    јуни 17, 2010 @ 20:30

    Митре, опцијата за давање поддршка и информирање преку Фејсбук е опција за оние кои веќе ја користат апликацијата каузи таму, додека примарните средства за комуникација во иницијативава се веб и е-пошта.

    Слободно посоли памет ако имаш идеја преку кој друг систем може да се допре до повеќе корисници од Македонија.

  8. zlochko Said,

    јуни 18, 2010 @ 08:31

    „Абе соросоиди едни…!“ :) )) Така некако ќе почне реакцијата денеска или утре од страна на власта кон сите оние кои ќе рипнат да го бранат правото на неприслушкувана комуникација.
    Меѓутоа, јас иако сум згрозен од ова што се случи (а и константно наназад се случува), сепак сметам дека овој закон нема да потрае повеќе од 3 месеци. Колку да дојде на ред во Уставниот Суд, кога и ќе падне како трула крушка.

    Нејсе, се бара јуначка организација (Метаморфозис?) или група на граѓани кои ќе поднесат преставка за оценување на уставноста до Уставниот Суд.

  9. django Said,

    јуни 18, 2010 @ 09:51

    ја мислам што побрзо треба на уставен додека и он не „паднал„ ко трула крушка

    испаѓа уставниот суд е единствена инстанца во моментов во РМ, во која колку-толку (шо би рекол премиерот) се „крстиме„

    инаку, да не живееме во илузија дека и досега не се прислушувало„кому иде и кому треба„ и тоа веројатно било користено во цели за уцена ама сега ..може да се користи легално…супер замисла

  10. andrej Said,

    јуни 18, 2010 @ 10:50

    Иако знам дека нема да има некој ефект, мојот блог во знак на протест го ставив во пауза.
    Сигурен сум дека една ваква работа на ниту еден уставен суд нема да помине но ке треба време, како и за се во оваа држава.
    Ваков одбид имаше во Хрватска пред неколку години но се спречи со јавен притисок врз власта.
    За жал кај нас никој не ја сваќа импликацијата од вакви одлуки. Државата или партијата на власт става шепа врз биснисот, политичките влијанија и комплетниот развој на земјата. Се сомневам дека некој ке сака да инвестира или на крај и да ја задржи инвестицијата во земја во која некој може да му ги следи бизнис комуникациите без потреба од судски налог.

    Почнува да ме потсеќа ова на ДДР.

RSS feed for comments on this post · TrackBack URI

Напиши коментар

You must be logged in to post a comment.