Продолжува дебатата за Викиликс и во Македонија

Од блогот на Јасна Котеска дознав дека дала изјава за Ал Џезира на тема Викиликс. Целиот прилог е многу информативен и го препорачувам.

Во текот на неделава во Скопје ќе има два три јавни настани на кои ќе се дискутира на оваа тема

Во видеото на Ал Џезира, познатиот сајберлибертијанец Џон Пери Барлоу вели:

…Ова е војна за тоа дали ќе биде дозволено киберпросторот (сајберпросторот) да остане отворен или ќе стане затворен. Овде просто не се работи за угледот на г. Асанж или Викиликс. Вистинското прашање е дека ако можат да го исклучат Џулијан Асанж, може да ве исклучат и вас. Затоа треба да бидете подготвени да го браните и својот интерес.

Дополнително во врска со дискусиите  на веб:
[Дополнето: Овој дел содржеше пренесување претпоставки за кои не беа прашани сите засегнати страни наспроти можностите. За да се намали можноста блогов да се користи за етикетирање решив да ги оставам само линковите до други блогови кои беа поставени од претходно, телеграфски.]

Како и

Остануваат прашањата

  • Дали ширењето на оцрнувачки (дез)информации може да се сфати и како подготвување терен во јавноста за намалување на ефектот од евентуални неподобни информации што се очекува да протечат.
  • Би било интересно да се прашаат политичките партии и претставниците на државата кој им е официјалниот став во врска со работата на Викиликс. Тие бездруго по прес конференции се произнесуваат за најразлични прашања од земјата и светот.
  • Иако верувам дека со вакви медиуми како нашиве, локалниве моќници немаат потреба многу да се грижат. Немам видено ниту еден весник ниту телевизија од Македонија да ја пренесе интегрално и целосно содржината на дипломатската преписка што се однесува на Македонија.

11 коментари »

  1. Barabbas Said,

    декември 20, 2010 @ 12:45

    Мирори: http://wikileaks.info/

    (сега) официјален сајт: http://www.wikileaks.ch/

    Баш ме интересира што знаат анти-масонските типови како Милевски за Бредли Менинг. Кога ќе го раоткријат и него како некој си масон, билдергерг или летечки гуштер од планетата Мелмак…

  2. stefus-refus Said,

    декември 20, 2010 @ 13:34

    http://logblog.blog.mk/2010/12/09/velija-e-na-vikiliks/
    E и од мене придонес… ГЕМ и Метаморфози и осталите срања се партизирано политизирани лигушки на СДСМ и СОРОС.
    Се палта за Викиликс а не им е гајле што пишува за МК…Ептен се лицемерни од таа банда на што и да се…Некој нејасна комбинација од квазиинтелктуалци партиски пропагандисти и НГО експерти за се и сешто народно кажано `дрвени адвокати`.

  3. razvigor Said,

    декември 20, 2010 @ 15:11

    Стефус-рефус, фино што и ти селективно си одбрал еден податок од еден од телеграмите, но истовремено не е пофално за тебе што не си прочепкал подлабоко – да дадеш комплетна слика, наспроти твоите (колку што може да просудам, можеби не сум во право) строго партизирани ставови.

    На пример, за тој заемот од МДЛФ што се споменува во твојот пост дека бил заглавен во судски лавиринти, состојбата се однесува на период кога СДСМ е на власт, нели? Кој бил тужителот? Дали судскиот систем во тој период (а и понатаму) ни е океј? Според тебе, проблемот е ако се пишува за тоа, а не фактот што тој останува во лоша состојба – на штета на граѓаните…

    Верувам дека имаш добри намери, ај пробај малку да си ги организираш информациите, да пополниш дупки, да процениш што е пропаганда, а што факти… Во најмала рака можеш да дојдеш во четврток во ГЕМ клубот и да видиш од прва рака како функционираат тие дебати и да дадеш придонес со свои мислења. Влез: бесплатен.

  4. razvigor Said,

    декември 20, 2010 @ 15:20

    Го дополниво постов со информација за уште еден јавен настан кој е закажан за среда од 20 часот СподелиЗнаење/СподелиКино во Галерија 7: Џулијан Асанж @ TED + Wikirebels

  5. razvigor Said,

    декември 20, 2010 @ 15:26

    Инаку тој документарецот Викиребелс (Викибунтовници) беше прикажуван едно попладне во текот на викендот на новата „експериментална“ телевизија која емитува во Скопје под име 24, ама некако како да го прекинаа на пола, без објаснение.

  6. stefus-refus Said,

    декември 20, 2010 @ 16:28

    Во ГЕМ не доаѓам ни под разно такви глупости од челниците на ГЕМ сум се изначител така да не сакам ни да ги видам на улица. Друг да го организаираше можеби.

  7. razvigor Said,

    декември 20, 2010 @ 16:48

    Стефус-рефус, значи би можел да дојдеш на панел-дискусиите од Центарот за истражување и креирање политики, исто така најавени погоре?

    Во најавата организаторот напишал дека „настанот е од отворен карактер – поканети се сите добронамерници“.

  8. виолетова Said,

    декември 20, 2010 @ 17:19

    Некој рече (кога ќе се сетам кој и каде, ќе пишам), дека веднаш ќе се прошират афери за `ликот и делото` на Асанж за да се дискредитира, и второ, дека ќе се појават страници на кои ќе бидат објавени `лажни документи со вистини`, како противтежа да се збуни народот – ете овие лажат, ама и Викиликс лаже. Ама многу брзо се случи тој обид за дискредитирање :)

  9. виолетова Said,

    декември 20, 2010 @ 20:52

    бидејќи `собираш` линкови за Викиликс, еве кратка изјава на еден познат кабалист прашан за мислење:
    http://www.youtube.com/watch?v=HLy3bHepoIw&feature=player_embedded

  10. ;-) Развигор » Продолжуваат муабетите за Викиликс Said,

    декември 24, 2010 @ 09:11

    [...] се на претходниот пост за онлајн дебатата за Викиликс*, еве уште неколку [...]

  11. geiayy Said,

    април 24, 2012 @ 23:00

    maYjIq ltmgcqoekzzr, [url=http://kraqefapotvq.com/]kraqefapotvq[/url], [link=http://vvurqhpkutvk.com/]vvurqhpkutvk[/link], http://wmuyytvedupu.com/

RSS feed for comments on this post · TrackBack URI

Напиши коментар