Наполеон во Скопје?!

Овој пост е достапен и на:
македонски на Блогспот · Наполеон во Скопје?!
English @ Razvigor · Napoleon Bonaparte in Skopje?!

Списанието на Кроација ерлајнз (што го делат во нивните авиони бесплатно) има статија за Скопје. Некои од податоците за историјата на градот во неа се прилично зачудувачки.

Статијата за Скопје, како една од дестинациите што ги покрива хрватскиот државен авиопревозник, може да се најде во есенскиот број за 2010 г. на стр. 106-116. Најголем дел од неа е посветен на Мајка Тереза и последиците од земјотресот од 1963 г. Фотките не изгледаат премногу тазе, иако во текстот се споменуваат понови градби.

Остатокот е посветен на историјата на градот, ама добив впечаток дека авторката како да ја избрифирал некој трчила… преголем ентузијаст, што имал желба да ја истакне важноста на Скопје низ вековите, а со малку интерес за вистината. На пример…

  • …До 1453 година бил престолнина на турските султани…
  • …Низ таа немирна крстосница на трговски патишта, култури и религии, минувал и Наполеон на патот за Средниот Исток…

Наполеон навистина во 1798 г. водел поход кон Средниот Исток, ама патот го водел по море до Египет, по копно до Сирија и потоа назад до Египет со враќање по море кон Франција. Историјата би била прилично поинаква ако во било која насока поминал низ Скопје, оти тоа би повлекло уништување на Османлиското царство.

Сепак, најголема забелешка имам на следното тврдење од написот: „Од минарето над Чаршијата и денес се слушаат повици на молитва, живо потсетувајќи на мултикултурното минато“. Како сегашноста да не ни е мултикултурна, или да нема џамии со минариња кои функционираат и на други места низ градот.

10 коментари »

  1. antiseparatist Said,

    јануари 4, 2011 @ 08:00

    Како да не?!…Во Скопjе преминале сите извесни и гулеми историски личности, како Алексадар Македонски, сите римски цезари и прабугарски канови, сите турски султани како и Хитлер и Сталин…!?!?!?!?!?

  2. antiseparatist Said,

    јануари 4, 2011 @ 08:03

    Па и Jосип Броз Тито и српски и jугословенски комунисти – антибугари преминале през Скопjе!

  3. astrostoper Said,

    јануари 4, 2011 @ 08:17

    ne postojat antibugari -toa se obicni lugje koi se zgrozuvaat od neubavoto, znaci esteticari se

  4. antiseparatist Said,

    јануари 4, 2011 @ 08:26

    Астростоперчо, гьаволе ниедни…логикага тие педерска…ха-ха-ха,
    “естетичари”, абе какви естетичари се тие српски jаничари!?

  5. alek_careca Said,

    јануари 4, 2011 @ 12:46

    секој пишува што ќе му текне, исто ко и тука, па и Кроациа ерлајнс ја фатила мајата.

    Добро е да си анти бугар, исто како што е добро да си анти србенда. Во Македонија логично е да си Македонец.

    Србендите ни перат мозок преку турбо филк и партизански филмови, блгарчета со историски лаги и недоречености, и се разбира шизовци кои спијат на нет и на блог. Секако дека ќе фингираат аргументи, 90% од архивските материјали ги собрале кај себе, со се артефактите, ама џабе. Едноставно, само морон би рекол дека помеѓу македонец и бугар може да има равенство.

    (претпоставувам дека сега ќе добијам етикета југословен, комунист и удбаш, што е баш симпатично со оглед на моите рални гледишта) :) ))))

  6. Dr. Khadzija Said,

    јануари 4, 2011 @ 13:52

    U statijata za Filipini, sto pisuva, deka se na Filip? Filipini ostrovi?

  7. Tweets that mention ;-) Развигор » Наполеон во Скопје?! -- Topsy.com Said,

    јануари 4, 2011 @ 15:39

    [...] This post was mentioned on Twitter by Filip Stojanovski, Vasilka Dimitrovska. Vasilka Dimitrovska said: @razvigor Срамота за @CroatiAirlines. Блог пост – Наполеон во Скопје?! http://razvigor.blog.mk/2011/01/04/napoleon-vo-skopje/ [...]

  8. razvigor Said,

    јануари 4, 2011 @ 16:31

    Др. (д-р?) Каџија: Филипини го добиле >името според кралот Филип II, ама шпанскиот (1527 – 1598), не македонскиот (382 – 336 п.н.е.).

  9. razvigor Said,

    јануари 4, 2011 @ 17:09

    Илустрацијата во постот е направена врз основа на две дела што се во јавен домен (со истечени авторски права) и иако не сум обврзан да го наведам тоа, мислам дека е добро да кажам дека се работи за сликата на Жан-Антоан Грос „Наполеон Бонапарта, првиот конзул, врши смотра на трупите по битката кај Маренго“, настан кој се случил во 1800 година па сметав дека таа претстава би била блиска на времето кога војсководецот наводно поминал низ Скопје. Позадината е направена врз основа на стара фотографија.

  10. razvigor Said,

    јануари 4, 2011 @ 17:39

    Денес ми се јави новинарка од Нова Македонија која за постов дознала од ФБ профилот на Василка Димитровска, авторката на Археолошки дневник. НМ и порано ја обработувале темата за користење „полувистини“ во туристички водичи и ќе објават продолжение врз основа на новиве докази и дискусииве.

RSS feed for comments on this post · TrackBack URI

Напиши коментар