Одговор од Шакира за ѓоа македонското потекло
Дезинформацијата дека Шакира имала македонско потекло пред неколку дена навидум координирано ја имаат објавено два-три провладини медиуми, меѓу кои Сител и Курир, а ја прошириле и многу копи-пејт портали. Денес „крваво“ ја потврдува и Утрински весник. Не знам дали се работи за елемент од нова кампања за подигање на расположението на населението (можеби ќе излезат и спотови со слоганот „Многу сме важни“ или „Ај уште да се лажеме“), но со две пребарувања на интернет може да се утврди дека прашањево било решено уште во 2007 година.
Во петок, 2.2.2007 Вест објавил текст за тоа како македонска делегација на некој рекламен настан ја прашала Шакира за ова и таа многу шармантно ’им се насмеала у фаца‘ (иако воведот на насловната е спинуван да ги подгрее надежите кај заинтересираните за „коренување“).
На прес-конференцијата во Берлин на кој присуствувале над петстотини новинари од целиот свет, на Шакира, како најтиражна колумбиска пејачка на сите времиња со продадени околу 50 милиони копии од албумите, организаторот дозволил да и се постават само четири прашања. Живкица Ѓурчиновска, како што ни изјави, и го поставила најпровокативното: „Дали има македонско потекло?“ откако на познатиот веб портал www.imdb.com било наведено дека таа е од колумбиско, либанско и македонско потекло.
- Шакира ми одговори со смеење дека е пра, пра, пра внука на пра, правнукот на Александар Велики… за потоа да ми објасни дека за жал, тоа не е точно, но би сакала да има македонски корени, ни изјави Живкица која ексклузивното интервју со Шакира ќе го емитира во нејзината нова емисија „Но лимитс“ на телевизија Сител.
Далеку полесно се наоѓа друг текст за истиот настан (всушност, еден вид комерцијален оглас) во кој–многу интересно–е споменато прашањето, но не и одговорот. Фама!
Дали авторите на новите текстови на темава ја утнале работава ненамерно, оти не знаат да пронаоѓаат информации достапни преку интернет, или пак намерно испуштиле или заборавиле нешто што било во напис од насловната страница на еден од најчитаните весници во тоа време?
Јас им се ставам на располагање на сите новинари да ги научам за вештината и уметноста на пребарување, па можеби тоа ќе биде лек и за еден аспект на проблемот на „кратко памтење“ на македонската јавност.
Всушност „оригиналната“ вест од Сител и Курир изгледа како изговор чија цел е да се спомене политичар од власта и може да им послужи на луѓето заинтересирани за деконструкција на пропаганда за пример на монтажа и „реконтекстуализација“. На пример земена е снимка на Шакира што го споменува татко и на англиски, а демек-преводот што оди на македонски кажува дека бил со македонско потекло…
Самонаречени патриоти, не губете надеж! Ако сакате да продолжат да ве лажат ретрокомунистите, земете предвид: Либан бил дел од рутата на Александар! И дел од неговото царство. Може сепак некој војник од нашиве краишта бил предок на таткото. („Кај што поминува војска, трева не расне, но раснат деца“ – Иво Андриќ.) До душа, поголема е веројатноста и дека некои од современите Македонци имаат либанско потекло, преку далеку поприсутните Османлии, но подобро да се врти муабетот кон Шакира отколку да се дига паника заради новиот бран поскапувања, како она на маслото за јадење. Нели?


Владе Милчин Said,
јули 7, 2011 @ 11:34
одлично завршена работа платениче мое. бранко ќе ни биде благодарен.
Владе Милчин Said,
јули 7, 2011 @ 11:37
и ќе ти ја покачам платата. само продолжи во овој стил,да се знае дека ние сме невладина организација и не заземаме страна.
antiseparatist Said,
јули 7, 2011 @ 11:57
Во Бугариja сите ви се смеевме на глупостиве односно потеклото на Шакира… . Воопшто лагата во Р. Македониja е на високо ниво, а вистината на лагата робува!
Да спомнувам ли случаевите со Дилма Русев, Бербатов, Джон Атанасов и многу, многу странски извесни луге кои станаа поред некои македонски медиуми македонци????????????????????????????????
Или и Вие сте ко нашите шопи кои велат: Од Искаро по-длибоко нема и од Витоша по-високо нема, епа нема!
“Од Вардарот подлибоко нема и од Попова шапка повисоко нема, епа нема”!
antiseparatist Said,
јули 7, 2011 @ 12:04
http://macedonian-library.com/documents.php?sec=2&cid=22&album=109&pid=1897
razvigor Said,
јули 7, 2011 @ 12:05
Антисепаратист: Те молам да не генерализираш, а со тоа и да навредуваш. Не се сите Македонци глупави, како ни сите Шопи или Бугари. Мора да се одвои злосторникот (некои, не сите медиуми) и жртвата (народот).
Лажен Владе Милчин: Да не си нервозен или нервозна?
antiseparatist Said,
јули 7, 2011 @ 12:11
Развигор, jaс негенерализирам, туку ми е смешно… воопшто ми е смешна Македониja, незошто Бугариja нее смешна, напреку, Бугариja има многу, многу да учи докако заприлича на бела европска држава, но денешна Р. Македониа е супер смешна, смешна е со неизината история, со медиумите, со политичарите, кои се држат некако политичари и државници, а како некои османци и феодали. Смешен ми е и вашиот нов привнесен однадвор антички идентитет…
Поздрави!
antiseparatist Said,
јули 7, 2011 @ 12:20
Во Бугариja не се, кое се види е вистинско… постои многу фалш и лага… и односно политиката и односно историjaта, и односно денешнава политичка ситуациа, и относно медиумите… ама брат, во Македониja ми изгледува дека се е лага, дека живеете во една бутафорна и измислена држава…! И од таму несаму Шакира била македонка, но и Президентот на САД исто некаде бев читал дека бил македонец по старо потекло…!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Hark Said,
јули 7, 2011 @ 13:41
Ова не е македонска глупост, туку сега, кога удбашите цврсто завладејаа со нашата земја, србендите во очи ни’ се смеат преку горе споменатите медиуми. А народот овде, што протеран, што глуп и неписмен, што безкрвен, си седи и си молчи.
Ime Said,
јули 7, 2011 @ 13:52
И Барак Обама е македонец! Сите се македонци. Ова многу ме потсеча на тоа бугарскиот менталитет, зашто знаете сите се Бугари според нив.
Немат леб од ова држава, секој ден само глупости си читам.
Го чекам моментот Албанците кога ќе ја упраат оваа држава (сурово малце ама тоа е тоа).
Поздрав друже. Убава статија
Борис Said,
јули 7, 2011 @ 14:08
Ime,
би ли престанал да разпространяваш сърбо-комунистическите митове за българите из Македония? Покажи ми кой не-българин нашите политици наричат българин и му правят паметници?
Ime Said,
јули 7, 2011 @ 15:44
Борис, откако го посетив твојот блог, мислам дека нема потреба да ти одговорам на прашањето.
bijonse1 Said,
јули 7, 2011 @ 15:54
а бе ај шо ве гледам…
нека се забавуваат луѓето …
посетата и спуштање на човекот на Месечината како една најголема лага од ,,големите,, за која цело човечанство верувало , верува и ќе верува…па никој не пати од тоа !!!
Гоше Said,
јули 7, 2011 @ 16:38
Треба секој ден да се пуштаат вакви патки.Бидејќи сите барале и бараат потекло од Македонците нема да е баш грешка ако им извлечеме македонско потекло на денешниве мегаѕвезди па дури и да се Индуси или Африканци по раса .Александар бил насекаде.Можело да се случи.Од кај сте па вие сигурни дека Шакира нема македонско потекло?
Борис Said,
јули 7, 2011 @ 16:43
Ime,
Не се оправдавай, истината е, че не можеш, не дека нема потреба! Лъжите и оправданията са се превърнали за вас в начин на живот: “за бугарите сите са бугари” (немам доказ, ама тврдам), “историята е неточна наука” (немам доказ, ама тврдам), “и америте лажат, не стапиле на Месечината” (тука има спор, но битна е поентата: “сите лажат, зарем ние не можем?”)
Лъжи и оправдания пред себе си!
Борис Said,
јули 7, 2011 @ 16:50
Четете оправданието на Гоше над предния ми коментар
)). Поредното оправдание!
Teniser Said,
јули 7, 2011 @ 16:58
И Јоле ми е сомнителан, па има исто име со нашиот прецедник!
Душан Said,
јули 11, 2011 @ 00:19
Ај еве тркнете до Википедија, кај што пишува вака: “Shakira was born on February 2, 1977 in Barranquilla, Colombia. She is the only child of Nidia Ripoll and William Mebarak Chadid and is of Lebanese (Arab), Macedonian,[19][20][21] Spanish (Catalan), and Italian descent.[2][22][23][24][25]”
Ја ви и линк: http://en.wikipedia.org/wiki/Shakira#Early_life
И сега што? Ваљда овие што ја едитирале страницава на Википедија се вмровци па лажеле и фалсификувале? Свашта…
Македонија: Пејачката Шакира и локалната политичка пропаганда · Global Voices на македонски Said,
јули 11, 2011 @ 09:24
[...] известува (на англиски и македонски) дека неколку македонски провладини медиуми ја [...]
antiseparatist Said,
јули 11, 2011 @ 09:31
Леле, леле глупостиве односно “македонско потекло” продолжуват колку сакаш…добре дека домакинот на блогеров е многу толерантен…!
Абе вардарски бугари, абе уште колку пати ке мените идентитетот си бре, засрамте се бре… каj нас постои една поговорка коja гласи и коja се однесува за Вазе:
“Преоблекал се Илиja и когаш се погледнал, пак во тиja”
razvigor Said,
јули 11, 2011 @ 10:44
Душан, дали си ти паметен? Го прочита ли постот погоре?
Шакира ја прашале дали е ова вистина, таа рекла не.
Да има на 100 сајта дека татко ти е од Брегот на Слонова Коска, дали тоа би значело дека ти имаш потекло од таму?
Или пак ако лагата не ја пуштиле од некоја партија, значи станала вистина?
razvigor Said,
јули 11, 2011 @ 10:47
Антисепаратист, престани да ги навредуваш Македонците со наметнување на бугарски идентитет. Ако сакаш да шириш омраза и провокации, прави си го тоа на својот блог – напиши напис со линк наваму ако имаш што да кажеш во врска со содржината на постот.
antiseparatist Said,
јули 11, 2011 @ 11:29
Развигор, ме извини, но несакам да навредувам никому, уште помалце на тебе…!
Ако поред тебе да молчам и да не обелвам збор за тоа дека денешните вардарски македонци биле бугари до 1944 г., па добро, но тоа значи дека мораме да молчиме и кутиме и да се цензурираме сами себе!???
Еве сите балканци, дури и наjблиските ви другари – србите признаа дека сите кои вие – вашата историja ги обjaвува за сепаратистички македонци од Цар Самоил до сите илиндеци, биле не “македонци”, туку бугари!
И последно ако ми дозволиш да те запрашам:
Како така луге кои докако биле живи се определувале и пишувале за бугари, а од 1944 наваму, когаш тие истите ги нема на белиот свет вашата историja ги обjaвила за небугари, туку за македонци?
Можеш ли без да го прашаш умрелиот да го запишуваш како си сакаш и дали ова е демократски спосуб како прави вашата САНУ-МАНУ историja? А?
Одговори.
maki_nasi Said,
јули 11, 2011 @ 11:50
Антисепаратисту, а да те прашам, ако Македонците до 1944 биле бугарчиња, како успеале комунистиве за 50 години да ги убедат дека не се бугари, а за тоа време ние по школија да учиме дека немаме врска ниту со античките Македонци, а сепак се викаме Македонци, и како по нашето осамостојување за знаме првиот избор ни било знамето од античките Македонци? Не мислиш дека попрво би си го избрале тоа бугарското? Секој сака дома бре. Мене не ми е јасно како е можно побрзо да го заборавиш тоа од пред 50 години, а не тоа од пред не знам колку.
razvigor Said,
јули 11, 2011 @ 13:26
Антисепаратист, поради твојот афинитет кон патување низ времето и паралелни универзуми, веројатно ти е најомилена серија Доктор Ху (Doctor Who), арно ама тоа не е темата на постов. Можеби ќе биде корисно ако отвориш сопствен пост за научна фантастика и ШББКББ (што би било кога би било).
Официјалните податоци за окупирана Македонија меѓу 1912 и 1944 година секогаш ги одразувале ставовите на окупаторите, народот бил безгласна жичка. Меѓу тие окупатори била и соседна Бугарија, која била поразена во Втората светска војна како сојузник на нацистичка Германија. Доказ за тоа дека не ја сметале за своја е односот на бугарскиот окупатор кон македонските Евреи – кои скоро сите биле убиени.
Ти ја препорачувам книгата „Судењата како последен пораз“ од Јован Павловски во која се документирани податоците за воените злосторствата во новоосвоените територии на вашето Царство. Тие судења ги извршиле македонските судови (судови на земја победничка, сојузник на САД и СССР) врз бугарски државјани (припадници на земја губитничка, сојузник на поразените нацистичка Германија и фашистичка Италија).
Душан Said,
јули 13, 2011 @ 13:01
Razvigor, и добро де? Добро бе луѓе?? Као ова е БИТНА работа, за некакво си потекло на Шаќира, и сеа тоа уствари да ти било обмислен координиран СПИН?! Коа инфово искочило на IMDB и на сајтот на Мадам Тисо? И уште стои така таму. Jesus fucking Christ! И откај ја да знам како обичен граѓанин што рекла Шаќира за тоа? Еве сеа знаеме шо рекла, до вчера не знаевме шо рекла. Али make sure штом така да го изедитираш постот на Википедија тогаш, и да допишеш дека тоа не е така, а ќе стаиш оздоле и извор, и изворот ќе ти биде интервјуво од Вест, и така. Лагите ќе престанат. Е сега како дошло до тоа и на IMDB и на други сајтови да има референци дека она има некакво си „македонско“ потекло, ја тоа не знам, ама штом не е од сега (видиш Вест уште во 2007-ма пишувал), тешко дека работава е координирана или нешто. Ама битно да се паничи за нешто, така? Ни ги перат мозоците со тоа што објавиле дека Шакира можда има македонско потекло? Јасно…
antiseparatist Said,
јули 13, 2011 @ 13:21
Развигор, три раченици ке ти кажам сал и повеке на блогерот ти нема да довагам:
1.Името ти е едно од наjубавите ни бугарски именьа
2.Неверуваj на 100% и несе зимаj на сериозно за македонскиот самостоен идентитет на вардарските бугари… тоа се уште нее докажан и нeeпризнаен нити на мегународно ниво нити на балканско ниво. Когаш пронаjдете мегународно признаени доволно историски факти и наjвеке археолошки намери, тогаш ке ве признае целиот свет! Дотогаш сте бугари, како ромуни се молдовците, како грци се кипарците и како албанци се косоварите!
3.Фалзификат и историска грешка е вашата истариа да смета се уште дека сите македонски ваши десничари до 1944 година биле фашисти и бугари, а сите македонски левичари – сепаратистички македонци! Запомни добро! Тоа што се случило кай Вас през 1944 година не било ослободуванье од бугарскиот фашистички окупатор, а идеолошка и военна победа на левичарите македонски бугари над десничарите – македонски бугари!
MAYA Said,
јануари 27, 2012 @ 23:50
antiseparatist e sea ja da ti kazam nesto ..kako prvo, nie ne treba da se zasramime VIE ZASRAMETE SE…i i4 ne mi e gajle za pogovorkite, aj ne se gupiraj prvo grcija pa sea i vie sakate…sme bile bugari grci…togas postoele samo pleminja a ne gradovi ko denes..I PRESTANETE VEKJE EDNAS SO TOA DEKA MAKEDONIJA E BUGARSKA,GR4KA I NEZ USTE SO KE IZMISLAT SAMO ZA DA NE UNIISTAT, nemate pravo da vikate taka, NIE SME MAKEDONIJA I TOLKU RAZBRAVTE LI SEA, …za gluposti ke se mrazime mislam deka nema potreba… …I EJ PAZI MALU KAKO ZBORUES NE ZIVEEME NE VO IZMISLENA DRZAVA….I TI NE NAVREDUVAS??? HAHAHAH…..KAKO KE BIDE NIE DA KAZEME NA VAS BUGARITE ZA BUGARIJA DEKA E MAKEDONSKA ZEMJA..HAHAH MA AE GLUPOSTI…4ISTI GLUPOSTI ILI ZA GRCIJA NA PR. ISTO KO NIE DA IM KAZEME DA GO SMENAT IMETO ILI DA IM KAZEME DEKA GRCIJA PRED MN MN GOD BILA MAKEDNSKA ZEMJA ..ALOOO TOGAS NE POSTOELE NI GRCIJA NI NISTO IMASE SPARTA ODNOSNO PLEMINJA, NEMASE KO SEA DRZAVI….AAA TI ANTISEPARISTIS I SEKOJ DRUG DEKA SHAKIRA E MAKEDONKA NE ZBORUVAJTE BEZ VEZ BIDEJKI, NIKOJ NEZ SAMO ONA SI ZNAE, SO AKO E VISTINA A SO AKO E LAGA TAKA STO OSTAJ TE JA TEMAVA , NEMA ZA SO DA SE MESATE KO NEZNAETE NI JA NITU PA VIE