Владата вика Даутовски, Синтезис и Анастазија се небитни за македонската музика

Со начинот на кој се води проектот за избор на „најдоброто од Македонија – музика“ владините институции испраќаат низа „сублиминални“ но и прилично очигледни пораки дека нивната визија за Македонија не е модерна мултиетничка демократија, туку стереотипизирана балканска моноетничка нација-држава со про-форма фингирано граѓанско учество.

Проектот помпезно го спроведува Агенцијата за млади и спорт во соработка со јавниот сервис МРТ и веројатно чини доста пари, оти опфаќа и голем број реклами по весници (на цела страница, со списоци на песните) и билборди/ситилајтови и слично.Со оглед на тоа што како дел од него ќе се издава и компилација од 3 ЦД-а, тука веројатно ќе се свртат и народни пари не само за печатење носачи на звук, туку и хонорари за сопствениците на авторските права, изведувачите итн.

Владата, преку изборот направен од Агенцијата за млади и спорт, ни порачува дека…

  • …било што што е испеано на јазиците на немнозинските етнички заедници од Македонија од независноста навака не го бива. Во изборот не е влезена ниту една песна испеана на албански, влашки, српски, ромски, турски, босански или било кој друг локален јазик.Има една инструменталка со наслов на англиски Endless View од Бодан Арсовски. Арно ама, пораката е дека било што на јазиците на „народностите“ не чини – како да не постојат, па и како да нема редакции на тие јазици во МРТв… избришани од официјалната историја се не само забавните, туку и „народните“ (а гледаме по телевизиите дека имаме продукција, особено на албански и ромски) и детските песни, наспроти тоа што и пред и по независноста во Македонија имало еден тон детски фестивали кои биле  мултијазични (како Златно славејче на кој и Тоше пропеал за прв пат во 1992 г. – на влашки) и на само по еден јазик како албански (Нота фест), влашки итн.
  • …турбофолкот е врвна државна вредност. Една од трите рамноправни категории е „Народна“, која е исполнета претежно со турбофолк – новокомпонирани песни кои користат по некој елемент од некој народен мелос. Една третина од „најдоброто од Македонија“ е турбофолк. Односно, една половина од „најдобрата“ музика за возрасни. (Аналогно со истоимениот ТВ-канал претенциозно наречен BOM – Best of Macedonia кој е скоро 100% посветен на турбофолкот.) Не најдов забележителна застапеност на нови изведби на изворни народни песни. Наспроти тоа, огромен дел од овие песни се со нескриени политички пораки, а некои звучат прилично иронично. Пример, третопласираната „Предавници и јунаци“ што ја пее Соња Тарчуловска: „со душманот ортак се фати, затоа Господ ќе ти плати“.
  • …следните групи или музичари не заслужиле ниту да влезат во конкуренција за „историскиот“ избор кој наводно е направен според квалитетот и/или популарност:
    • Драган Даутовски.
    • Синтезис.
    • Анастазија, чиј албум со музиката од филмот „Пред дождот“ издаден од Полиграм беше вистински амбасадор на македонската култура во деведесеттите.
    • Вања Лазарова, како и Љубојна, Баклава и други потазе групи кои прават фузија на традицијата и модерното.
    • Урбани рок-групи како Бернајс пропаганда, Беи д фиш, Ласт експедишн…  што ем се квалитетни ем популарни кај градската младина дома, а имаат успеси во регионот.
    • Било што од сцената за електронска музика („техно“) што процвета по независноста – премногу се да ги набројувам (ама како почетна референца може да ви послужат изданијата со компилациите на ПМГ и Трето уво), со исклучок на Џајковски.
    • Тавитјан (било кој од тројцата).
    • Било каква модерна „класична“ музика нема што да бара во овој „историски“ избор, на пример експерименталните мултимедијални дела на автори ценети во странство како Дуке Бојаџиев и Дарија Андовска, или пак изведбите на Симон Трпчевски. Според Владата, тие не се дел од историјата на македонската музика.
    • Иако „најдобро“ јас го подразбирам како „најквалитетно“, во интервјуто за Нова Македонија директорот на АМС тоа всушност го редефинирал како „најпопуларно“, и тоа според број на гледања на Јутјуб (!). И пак недоследно, мегапопуларните Ристо Бомбата и Кучешка тенија кои извршија клучно влијание на македонската забавна музика во раните деведесетти (не навлегувам какво), како и други иновативни имиња од тоа време, како Ена Веко, кои имаат неколкупати повеќе гледања на нивни песни од многу од кандидатите, не се во изборот.
    • Истото важи за ромските „народни“ исполнители како Ферус Мустафов, Агушеви, Кочани оркестар – популарни и во земјата и во странство.

Иако идејата е во основа интересна, како и другите слични проекти на АМС и за овој изведбата носи повеќе штета отколку корист за Македонија.

(Со „успешниот“ проект за развој на навиваштвото во 2007 г. на Грција „на тацна“ и беше даден изговор дека РМ е прекршител на Привремената спогодба, бидејќи државен орган го користеше симболот кој државата се има обврзано да не го користи. Интересно е дека ниту една од песните создадени по нарачка на државата во тие проекти не влегла во тековниов избор за најдобри ни со врски – значи ни самата Агенција не смета дека направиле добра работа.)

Сообраќаен знак со забрана за Дон Кихот и ветерници, фото: Ли Валеј.

Ако организаторот навистина сакал да поттикне активно граѓанско учество и изборот да биде фер, транспарентен и отчетен, тогаш…

  • …изборот мора да биде заснован на јасни и објавени критериуми - ако е тоа гледаност на Јутјуб, на пример, да биде објавена анализата на гледаноста, ако е друг вид на популарност, да се објасни како е измерена да видиме дека немало простор за манипулации и лични влијанија, да знаеме дека листата не е само копија на плејлистата од Винампот на некој назначен бирократ кој се амбицира дека од него почнува светот.
  • …комисијата што ги одбирала првите 100 песни треба да биде јавно објавена и репрезентативна и стручно и општествено, да има развиени механизми за спречување на конфликт на интереси од било која природа – лични вкусови, партиски-митингашки/предизборно кампањски, клановски, роднински, пријателски, непријателски, корпорациско-телекомски и други спонзорски влијанија, како и на кој начин се спречени злоупотреби со гласањето на веб. Како е ова обезбедено нема ни збор на релевантните сајтови. Дополнително контроверзно е симболичното присуство со по една песна на автентични локални автори/изведувачи како Леб и сол, Мизар, Дани, Архангел, Суперхикс, Нулта позитив, Нокаут/Пере, Ѓорѓи Крстевски, Лозано… наспроти скоро целите познати опуси на разноразни вештачки популаризирани фаци што се избуткани на естрадата со разни видови протекции. На пример меѓу детските има кандидирани неколку песни од син на функционер на МРТв. Списокот на песни не дава можност да се видат кои се носителите на авторски права, да се детектира дали имало конфликт на интереси на ниво композитори, текстописци, аранжери, менаџери…
  • …ако веќе бирократите од АМС не покажуваат познавање на сите значајни музичари, можноста за граѓаните да предложат песни има улога да обезбеди алиби као демек ова е демократски (како и да овозможи прелевање на уште повеќе пари од џебовите на граѓаните во чекмеџињата на мобилните оператори). Оваа можност требало да постои во подолг период пред да се објави почетната листа, со што почна и самото гласање. Оти вака, граѓаните предлагаат џабе, про форма. Нивните предлози се борат со оние владините кои имаат и фора да се објавени по весници и за кои веќе гласале голем број луѓе. Башка што секој предлог од граѓаните треба да биде одобрен од некој, а не е објаснето како Агенцијата обезбедила заштита од самоволие или некомпетентност во овој случај. На пример, со еден другар предложивме неколку песни за проба. Ниедна не беше прифатена. Една од тие што јас ги предложив беше од Brainless Genius – која не е многу позната во народњачките кругови, па одговорниот државен службеник можеби и не знаел дека таква група е дел од македонската култура.
YouTube Preview Image

Истиов пост е достапен и на Блогспот, каде што има плус коментари. Друго мислење на темава:

22 коментари »

  1. ramkoven i za muzikata????? Said,

    август 23, 2011 @ 15:14

    i za muzikata li treba ramkoven????? vikni ja majka ti da pee na albanski ako sakas albanska muzika mameto da ti go ebam sorosoidno

  2. gnido sorosoidna Said,

    август 23, 2011 @ 15:15

    ova ne e albanioja pa da se pee na albanski gnido prodadena

  3. KarlaDelPonte Said,

    август 23, 2011 @ 15:38

    Aiiiii Razvigooooor, kako te napadnaa ovieeeeee??
    ko TI da go predlozi Zakonot za avtenticno tolkuvanje na Haskite slucai a ne nekoja muzika ili grupa.
    Prosti im Boze, ne znaat sto pravat!

  4. django Said,

    август 23, 2011 @ 15:39

    хахаха развигор,
    уште кога те читав, ги замислив погорните коментари
    туку, сакам друго да кажам
    ние (нормалните)упаѓаме во некое реално време, се вртиме наоколу, гледаме што напраиле тие пред нас и…се трудиме да бидеме подобри…тоа се вика РАЗВОЈ
    ама…сега е време на ненормални
    они упаѓаат ќори, ќор ништо не гледа и мисли ништо нема позади…значи богови се, а со нив почнува светот нели?

  5. gudence Said,

    август 23, 2011 @ 16:09

    Се кладам дека тој виолинистот со долгата коса го има во изборот. Да да тој што свири туѓи песни на МРТ по цел ден а не знае ни да свири.
    Што да ти кажам друго Развигор? Види ги коментарите и ќе ти биде јасно дека за таква публика и тоа е предобар избор за Џинга Лака Џикица народ..

  6. arhangel1 Said,

    август 23, 2011 @ 16:41

    ARHANGEL ne go spomna nikade be razvigor.

  7. razvigor Said,

    август 23, 2011 @ 17:11

    Архангел1, фала што ме потсети. Ги мислев кога го пишував текстов пред некоја ноќ, ама во меѓувреме додека го оставив да отстои сум пропуштил да ги набројам сите такви групи што ги забележав. Има и други…

    За Архангел е особено страшно што е избрана онаа ироничната песна „Убер Мацедонише“, која мислам дека некои млади сили на кои омилена книга им е „Мојата борба“ (и една од ретките што ги прочитале покрај „Владетелот“) ја сфаќаат буквално…

  8. razvigor Said,

    август 23, 2011 @ 17:13

    Гуденце, провери си…

    Меѓу избраните песни има ОК и некои што и јас би ги избрал, ама овде не зборуваме за приватен вкус туку за државен проект… А такво нешто мора да се базира на процедура и инклузивност.

  9. razvigor Said,

    август 23, 2011 @ 17:15

    Џанго: да, буквално некои како да мислат дека од нив почнува светов… иако парадоксално од друга страна пак полна им е устата со старовремски корени.

  10. stihovenkalibar Said,

    август 23, 2011 @ 17:17

    затоа вие од сорос напрајте контра една мултиетничка топ листа…џелем џелем обавезно да ја стаиш…

  11. Barabbas Said,

    август 23, 2011 @ 17:25

    Ummm…

    http://myfacewhen.com/150/

    Голем кретенизам е како прво да се бираат “најдобри” и “најпопуларни песни”…

    Погеолема глупост немам слушнато.

    Сеа некој ќе ми објаснува дека ако некоја песна од Тоше е на дискот и демек квалитетна е???

    Дебилен и тинејџерски муабет е подобра песна или подобра група.

    Како може за вкус да се расправа – не знам. Јас уште чекам некој да ми објасни зошто U2 се позната група.

    А тоа што нема ниедна песна на албански, влапки или не знам каков – ти пишува во името на проектот. Вели МАКЕДОНСКАТА музичка историја. Не светската.

    Не верувам во било која држава да се бираат НАЦИОНАЛНИ хитови а да се на друг јазик.

    Call me вмровец – али се има граница.

    Кој бре Македонец знае песна од Адриан Гаџа, не ме заебавај…

    Само Ерзана ја признавам и ништо више :mrgreen:

  12. razvigor Said,

    август 23, 2011 @ 17:35

    Барабас, да беше името на проектот „Најдобрата музика на македонски јазик“, ќе се согласев со тебе.

    Но проектот се вика „Најдоброто од Македонија“, а во Македонија живеат и пеат разни народи.

    И јас не се разбирам многу во творештвото на разни јазици, ама знам дека постои и дека ако е нешто национален (државен) проект, тоа во мултиетничка држава треба да го одразува богаството на култури, а не вкусот на неколку бирократи.

  13. razvigor Said,

    август 23, 2011 @ 17:39

    Стиховен калибар, џабе измеќаруваш по блоговиве за властодршците, пак твоите песни никој не ги есапи. Жал да му падне на човек за тебе.

    Се обиде барем сам да пријавиш некое од твоите остварувања?

  14. taenbloger Said,

    август 23, 2011 @ 17:39

    Бидете ПОЗИТИВНИ !!!
    Иначе има да ве исполустрирам, маму ви раперско.
    Многу добар потег на владата на РМ.
    Следно што очекувам после изборот за најдобри ПЕСНИЧКИ од агенцијата за млади и СПОРТ е логичкиот чекор (еден од сто) министерството за КУЛТУРА да сочини листа од десет најдобри ХОКЕАРИ (хокеј-македонски национален спорт).

    Соросоиди ни едни.
    Утре ќе кажете и дека новата ХИМНА на РМ што ја спрема министерството за ЗДРАВСТВО е лоша, само да се пљука , комуњари ни едни.

  15. stihovenkalibar Said,

    август 23, 2011 @ 18:13

    јебали те властодршци…ич кур не ми чуе ни за нивните ни за твоите топ листи….музиката не се вреднуе на топ глиста

  16. Барабас НЛ Said,

    август 23, 2011 @ 18:25

    Ај еве ќе уфрлиме јуро-размислување. Мултикултурност.

    You win таму.

    Ај сеа едно уште по-јуро.

    Дај една песна на албански, турски или влашки испеано – кое го знаат барем 1.5% блогери тука.

    Треба да уфрлиме нешто што никој не го знае? Мултикултурна е и платформава.

    See, it’s not that simple.

  17. stihovenkalibar Said,

    август 23, 2011 @ 18:25

    симон трпчески не се појавил на ниедна топ листа и има 1200 вјус на јутубата…ако ти е топ листа и вјус мерило за квалитет тогаш слушај си ги лејди гага и џастин бибер…тие имаат 300 000 000 вјус а од мак есрања ете ти го елвир мекич со делибашич…миљон и пол вјус..па тури си го у твојата соросоидна мак мулти топ листа….

  18. sbepot Said,

    август 26, 2011 @ 22:42

    По направениот увид на листата утврдувам дека тврдењата дека листата е еднонационална не држат! На листата може да се видат Ерзана, Туна, Адријан Гаџа… таму е и Елвир МекиЧ (?!?), а има и пејачи/пејачки чие што презиме завршува на ИЌ.

  19. Darth Nyan Said,

    август 30, 2011 @ 00:26

    А зошто имам чувство дека дури и да беа вклучени сиве овие што не се вклучени, ПАК немаше да ви чини?

    И на крај краева, проектов го прави АМС, а НЕ Министерство за култура. Под проектот НЕ пишува „најквалитетното од музичката УМЕТНОСТ во Македонија“. И од кога во категории како Забавна, Детска и Народна очекувате онака, се’ само „најквалитетни“ изведувачи? Посебно па ако критериумите за секој од нас се горе-долу субјективни?

    И на крај краева, да, имало опција и да се додаде некој изведувач. Зошто никој не ги додал Синтезис на пример? Што Мирко Попов не се додал самиот? Што, не може да собере да го гласа некој? Глупост е да се тврди дека биле про-форма таквите предлози оти иницијално категориите броеле по 100 песни, а сега Забавна има 123, Детска 110 а народна, мислам, 106.

    Абе битно да мрчите. Туго туго некој во АМС не ја стаил вашата омилена песна на плејлиста… Jesus fucking Christ…

  20. vesna007 Said,

    септември 1, 2011 @ 07:58

    Од премногу обврски не стигнав ни да го најдам линкот до страната, па ни да гласам. Едина замерка е дека периодот беше краток :) , но тоа дека не стигнав да гласам. Сепак треба да бидеме свесни дека ова беше најдоброто од км според гласовите на граѓаните, а не не музички критичари, или некои кои си земаат за право да бидат тоа и да наметнуваат сопствен вкус.

    Колку што дознав јас отпосле е дека песните се додавале со испраќање на СМС. Драго мми е за сите песни кои се на листите. Разноликоста ја покажува убавината на македонија и нејзините граѓани.

  21. macmeto Said,

    септември 1, 2011 @ 08:37

    Битно ние имаме тема да се расправаме.
    Ај честит месец на државноста!

  22. Ерол Said,

    септември 19, 2011 @ 09:52

    Кога ке почне големата грижа за хигиената на нацијата и чистотата на нацијата со преправање на народното творештво тоа во историјата на развојорт на општествата се вика фашизам.
    Доказ: нема веке Ја излези стара мајко да видиш копј помина.Ми помина Осман Бегот. Туку ми помина моето либе.
    Нема веке чифте чанче, чифте чанче , турско оро убаво, туку нашер оро убаво. Тоа македонскиот мнарод имал доблест да го испее пред повеке дестелетја, сега некој сака да му ги ревидира чуствата. Тоа злосторство се вика фашизам, нема дреуг израз.

RSS feed for comments on this post · TrackBack URI

Напиши коментар