Грција: Барокот повторно во мода – буквално
Овој пост е достапен и на | This post is also available in
- македонски на Блогспот: Грција: Барокот повторно во мода – буквално
- English: Greece: Baroque In Vogue Again – Literally
Дописниците на блогов открија дека кај Јужниот Сосед се појавува интерес кон барокот. Августовското издание на грчки „Вог“ донесува напис со наслов „Модерен барок“ на тема очила за сонце во квази-барокен стил.
Не е утврдено дали за тоа се заслужни критериумите на тендерите за градбите и украсите на фасадите од Скопје 2014 (1, 2, 3). Ако, како што потврдува Анастас Вангели во неговата студија „Античка сегашност“, нашиве лидери може да учат антиквизација од нив, можеби и нивните модни работници ја увиделе вредноста на барокот од нас!



