„Вест“ со платно е-издание: предизвици за е-маркетинг
Нафрлање на неколку првични перцепции… Од вчера, весникот „Вест“ ја ускрати можноста сите негови написи да се читаат во електронското издание бесплатно, а наспроти тоа воведе плаќање за пристап до е-издание кое изгледа исто како печатеното, достапно преку друг сајт наречен е-Прес.
Со регистрација и избирање на некој моделите на претплата, можете да го читате “Вест” во автентична форма, односно со идентичен изглед како и печатениот весник.
Основната претпоставка е значи дека луѓето толку многу го сакаат изгледот на печатениот весник, што би платиле екстра за да го имаат на увид.
Преку истиот систем достапни се и такви изданија и на другите два дневни весници на МПМ, „Дневник“ и „Утрински весник“, но за разлика од „Вест“ кај нив нема најава дека ќе има ускратување на содржините кои досега се објавуваа во ХТМЛ-формат на нивните сајтови. Можеби се работи и за еден вид експеримент да се види дали тактиката која е применета сега на порталот на „Вест“ е поефективна – за некои написи има тизер и повик да се прочита целата содржина во платното издание.
Изданието во форма на флипинг бук е оптимизирано за прегледување на компјутер или преносен уред.
Со оваа премиум услуга можете да пристапите до вашиот омилен весник веднаш штом ќе излезе од печат, каде и да сте во светот!
Флипинг бук (анг. „книга која се прелистува“), односно флеш-интерфејс за прикажување ПДФ-фајлови, се нема покажано кујзнае како на веб. Го сакаат дизајнерите навикнати да работат за принт, но не го користат најголем дел од познатите весници кои имаат рентабилни производи што ги продаваат на нет. На пример, „Вајерд“, еден од водечките светски магазини – има печатено издание, има „обичен“ веб на кој се достапни сите написи и има издание/апликација за ајпад кое се наплаќа. Иако во печатеното издание де факто тие беа пионери во примена на иновативен визуелен дизајн, немаат воведено флип-бук издание – кое бара многу поголеми ресурси за прикажување од обичен, класичен ХТМЛ. Слично и со „Њујорк тајмс“ – немам видено флипбук таму, туку се наплатува за пристап до одредени содржини во ХТМЛ-формат и/или апликации за таблети (не апчиња) и „умни“ мобилни телефони.
До сега не ги имам пробано опциите за претплата, па не знам дали под флипинг бук МПМ подразбираат и посебни апликации/формати за преносни уреди. На тоа гледам со резерва и бидејќи во моментов не ми се достапни податоци за користење на такви уреди во Македонија.
Сепак, и да има специјално прилагодување за мобилни уреди, ми се чини дека и со тоа целната група останува прилично ограничена. Ваквиот пристап може да биде интересен за членовите на дијаспората што се корисници на таблет-компјутери (ајпади, на пр.) и веќе биле навикнати на печатеното издание, па сега им недостасува.
Прашање е и колку дијаспората ја интересираат вакви содржини од Македонија. Од тој аспект, веројатно не е случајно што еден од ударните недостапни написи во денешното издание е оној за забраната за влез на пејачката Гавазова во Австралија.
(Дополнителен предизвик во натерувањето да почнат да плаќаат е фактот дека ако дијаспората ја интересирале содржини од Македонија, тие низ годиниве се навикнати да имаат бесплатен пристап до нив во „обичен“ веб-формат.)
Форматот на „Вест“ кој е со слична големина како ајпад може и да нуди смисла да се чита на тој начин, но за успешно и кеифско читање на „Дневник“ и „Утрински“, кои се со далеку поголеми димензии, веројатно би требало да не се потпираат само на експорт во ПДФ, туку да се прави посебно издание за овој формат (и за на екран од лаптоп или десктоп ПЦ).
’Екстра‘ содржината што се добива со ваквите електронски изданија наспроти досегашното е увид во огласите од печатеното издание. Тоа им значи на огласувачите и издавачите, но не сум сигурен дека е пресуден фактор за купување претплата кај обичниот читател. Историски гледано, единствено „Утрински“ има правено обиди да пренесе дел од огласите од печатеното во изданието на веб и тие функционираа океј… информативно, но не и нападно – можеби затоа што пренесените огласи беа некролози.
Во промотивните пораки на „Вест“ се насетува потпирање на лојалноста на читателите. Читателите се перципираат како потрошувачи кои не можат без својата дневна доза на весникот, па ако не ја добијат е-изданието им се нуди како надокнада за снемувањето на печатеното.
Идејата, впрочем, е да го направи весникот што подостапен: ако не го најдеш “Вест” во трафика, купи го на Интернет!
И на крај, ценовникот. Цената на трафика за сите овие весници е по 15 денари. Цените за пристап до електронските изданија се исто така исти, и изнесуваат:
Ценовник:
Едно издание: 10 денари
Неделна претплата: 60 денари
Месечна претплата: 250 денари
Три месечна претплата: 700 денари
Шест месечна претплата: 1100 денари
Годишна претплата: 2100 денари
Разликата во цена меѓу печатеното (15 денари) и е-изданието (10 денари) не е голема. Ако се земе предвид дека на македонскиот пазар токму цената е пресудниот фактор за успех на било кој производ за масовна потрошувачка, би очекувал поголемо намалување. Особено ако се земе предвид дека трошоците за печатење и дистрибуција имаат лавовски удел во цената на весникот на трафика. Откако ваквото електронско издание ќе се подготви (што го прават бездруго, на англиски sunk cost) тогаш секој дополнително купен примерок е чист ќар (видете на англиски термин economies of scale).
Од друга страна, читателот на весник на хартија не го купува само поради огласите, туку најпрво затоа што му одговара хартијата како медиум, го купува доживувањето на прелистување на различни места и положби… итн. Но, можеби од „Вест“ или МПМ процениле дека ќе имаат многу читатели и со ваква цена. Ако таа проценка е точна, тогаш и нивниот профит ќе биде поголем.
На сајтот на „Вест“ линкот од менито насловен „Претплата“ води кон празна страница, на „Дневник“ нема никаква информација за претплатување, а само на сајтот на „Утрински“ има понуда за претплата во следнава форма:
месечна: 390 денари,
тримесечна 1.170,
шестмесечна 2.340,
годишна 4.680 денари.За претплата во странство информации на тел:
+389(0)2 3089-306
Очевидно, добивање нови преплатници за печатеното издание преку веб-изданијата не е приоритет за одделите за маркетинг при весниците на МПМ. „Утрински“, кој има најмногу направено на темава, не нуди електронски контакт за заинтересираните за претплата во странство, ниту основни информации, туку бара заинтересираните да платат меѓународен разговор за да дознаат. Ако цените и за другите весници се исти (би требало да бидат, оти и се исти и по примерок) може да заклучиме дека претплатата на е-изданието е поефтина.
Дали повлекувањето на овој потег сега е поврзано со најавите за скора продажба на МПМ, како елемент на проширување на портфолиото што би требало да ја зголеми вредноста на целата куќа при финалната проценка е нешто во кое немам увид. Како потег од страна на „Вест“, редакција која за многу работи имала храброст прва да воведе разни иновации е интересно од многу аспекти.
Со оглед на тоа што голем дел од содржините од странство на сите весници на МПМ се слични (агенциски вести од големи агенции веројатно набавени „на више“ преку повисоки нивоа на тековниот сопственик, германскиот ВАЦ), важно е кои ќе бидат фактори на диференцијација. Оти, голем дел од потенцијалните муштерии постапуваат според правилото „зошто да плаќам за пристап до нешто што го има бесплатно на други сајтови?“. Така, платеното (платното, платежното?) е-издание се соочува со незамислива конкуренција за луѓе кои се навикнати да размислуваат само во рамки на македонскиот пазар за печатени весници, оти оние содржини кои тие ги поставуваат зад „платежен ѕид“ (paywall) се оддалечени само клик подалеку на други сајтови.
Предност на „Вест“ е што во минатото имал храброст да се спротивстави на диктати да не се објавуваат некои информации од јавен интерес прогласени за табу-теми (како за инцидентот со навивачите кои ќе го урнеле авионот за Литванија и последователните обиди да бидат замолчени). За тој весник пишуваат некои од најпопуларните и меѓу мислечкиот дел од народот најцитирани колумнисти во земјава („Сакам да кажам“ и „Ефтини приказни“).
Таквата репутација за ексклузивност може да ја надградат на пр. со објавување сеопфатни истражувачки стории само во платеното е-издание. Така платеното е-издание би имало дополнителна вредност и во однос на печатеното и на бесплатното веб-издание, а не како што е сега само во однос на второто. „Вест“ се исто така популарни кај младите поради добриот микс на покривање на естрада, а јас ги ценам поради покривање на културата. На пр. имаат најдобри филмски рецензии – кои за жал не се многу чести, а и најдобри и најинтересни препораки за филмови во рамките на ТВ-водичот во петок.


Ana Said,
октомври 27, 2011 @ 14:45
“Слично и со „Њујорк тајмс“ – немам видено флипбук таму, туку се наплатува за пристап до одредени содржини во ХТМЛ-формат и/или апликации за таблети (не апчиња) и „умни“ мобилни телефони.”
Ne e samo do formatot… Web stranicata na NYtimes i slicni vesnici (ne gz papiri ko vest) se apdejtiraat so novi sodrzini sekoja minuta – sodrzini koi gi nema vo pecatenoto izdanie koe izleguva ednash vo denot. Ottuka NYtimes ima osnova da pobaruva skromna pretplata za na web…Vest saka da mu plakjash da go citash online ona koeshto izleglo sabajle vo 5 a ottogash vo svetot se svrtelo se’ naopacki. Samo kaj nas od krov pocnuvaat… Vo princip nema izgradeno vesnik a saka da naplakja ko vesnik…
razvigor Said,
октомври 27, 2011 @ 15:01
За споредба, за неограничен пристап „Њујорк тајмс“ бара:
$0.99 for your first 4 weeks
$3.75 / week thereafter.
Годишна претплата за ајпад на месечникот „Вајерд“ е $19.99, а мислам дека бараат $3.99 по примерок.
taenbloger Said,
октомври 27, 2011 @ 15:15
со штампаните весници во македонија расчистив одамнае, ги купувам само во ајвар сезона за виткање тегли
сеа нема више да читам ни е-вест или слични
1.не сакам да плаќам за бајати вести на интернет изданија
понатаму:
http://epress.com.mk/UsloviNaPortalot.htm
2.разлика од хардкопи весникотво до е-издание
во трафика не ми бараат лична карта кога купувам весник
за разлика:
“На корисникот му е строго забрането:
- Лажно да се претставува, односно да се претставува во име на друго правно или физичко лице“ (мора да се регистрирам со вистинско име и еден куп други лични податоци)
3.разлика од хардкопи весникотво до е-издание
кога ми ѕиркаат во весникот во автобус, или кога прочитаниот весник ќе му го подарам на комшијата издавачот не дотрчува да ми го конфискува веќе платениот весник – мој си е , го купив и сакам читам, сакам огин палам
ра разлика:
“Делење на корисничкото име и лозинката со други корисници, било по писмен или електронски пат е строго забрането. Корисникот ќе биде одговорен за сите евентуално настанати последици, предизвикани од несовесно користење на своето корисничко име и лозинка. Доколку се забележи ваква злоупотреба, Продавачот има право веднаш да го укине пристапот на Корисникот до своите услуги. Корисникот е должен, доколку забележи злоупотреба на неговите корисничко име и лозинка, тоа веднаш да го пријави на Продавачот.“
———————————————————————————————–
и така натаму, комунизам до немајкаде, па уште и флешот фали за да не можам да си го наштампам за мои пари на моја хартија, па ко човек да си читам весник со кафето
БИДЕТЕ ПОЗИТИВНИ !!!
пс
во меѓувреме ни тв вести не гледам во гетово, ама нека остане тајна зашто
Barabbas Said,
октомври 27, 2011 @ 15:23
Пиши пропало уште сега на ова.
Ако имаат повеќе од 50 претплатници се фрлам од Воинот на коњ.
Violeta Said,
октомври 27, 2011 @ 15:28
Бваро за „Вест“ за храброста!!
Има уште неколку проблеми кои во МК треба да се решат, пред да се очекува вистински развој на е-маркетинг.
1. Газдите на „големите“ радиодифузни медиуми да престанат да го даваат гратис просторот за реклама на нивните веб страни или со минимум цена,како додаена вредност на „главната“ реклама која оди на програма
2. Да се подигне свеста и знаењето за е-маркетинг, како кај одделите за маркетинг кај медиумите, така и кај огласувачите и кај агенциите
Ana Said,
октомври 27, 2011 @ 15:36
Filip sea i ti barash diskusija tamu kade shto ja nema i uporno pravish sporedbi kaj shto gi nema. eve ti edna ko si zapnal> NYTimes e najtirazen dneven vesnik u SAD. Neshto malku pod milion pretplatnici na pecateno nedelno izdanie i 1.3 milioni na Nedelnoto (Sunday Issue) zaklucno so 2010. Vesnikot navleze vo eksperimentiranje so digitalna pretplata oti pocna da gubi pretplatnici na pecatenoto izdanie (oti lugeto bez pari go citaa online). Posle tretiot kvartal NYTimes ima nesho poishe od 300 000 pretplatnici za digitalnoto izdanie – znaci samo tretina od pecatenite pretplatnici. Napravi projection za gospodata od Vest na osnova ova
) Imaj na um deka Times e zadolzitelna citanka na sabajle za sekoj poseriozen office worker u SAD.
Twibi Said,
октомври 27, 2011 @ 16:08
Филип супер пост си пишал, се согласувам со напишаното. Единствено што сакам да додадам е дека е-изданието не е без дополнителни трошоци, односно треба да се вкалкулира трошок за изработка на платформа за е-продавање, персонал кој ќе го одржува системот и секако надоместок за е-плаќање.
Во случајов решението е соу 90s , но сепак се согласувам дека цената е неоправдано висока (стари вести, неупотреблив формат, достапност).
Во овој облик не би го купил весникот, единствено се надевам дека овој потег ќе се смета за кршење на мразот и дека некој друг весник ќе научи од грешките на Вест и ќе понуди подобра опција.
Поздрав
gоse Said,
октомври 27, 2011 @ 16:17
Смени го насловот бе,помислив дека збориш за платно.Е нема в кајче бесплатно и бесплатна вечера.
taenbloger Said,
октомври 27, 2011 @ 16:45
е то гоше веќе може да се плати, ако ја бива
вечера
boris7 Said,
октомври 27, 2011 @ 17:23
Ми се допадна анализата,многу е добра…
Додуша и јас планирав да пишувам нешто на оваа тема, но горе-долу ти се си опфатил што сакав и јас да кажам, па мислам дека нема потреба и јас да се повторувам
Мое мислење за овој потег е дека раководството УВИДЕЛО дека бројот на продадени печатени изданија трпи.. бидејќи голем број на луѓе не се нестрпливи до 12 часот кога излегуваше online-изданието и ПРОЦЕНИЛО дека вака ќе им се зголеми бројот на продадени ПЕЧАТЕНИ изданија.
Несакам да верувам дека мислат и се толку наивни да во Р.Македонија постои сериозна популација на луѓе кои би се претлатиле на е-издание, кога горе долу топ информациите можат да се прочитаат и на останатите online изданија на другите весници кои се бесплатни. Ако имаат некаква информација која вели дека сите останати весници ќе наплаќаат за Online изданијата – па да имаат некои пресметки со читателите од дијаспората – НЕЗНАМ.
Значи било како, овој потег дефинитивно е наменет за да се зголеми продажбата на печатените изданија…и тоа ќе се случи !
Поздрав,
Борис
http://marketing365.blog.mk/
sead93@hotmail.com Said,
октомври 27, 2011 @ 17:32
Поздрав за храброста и техничкото унапредување, им посакувам сé најдобро, но ова сепак во Македонија нема економски да врви (мислам на претплатничкиот систем, пред сé). Не знам за трошоци и слично што ги имаат, ама цената за годишна претплата е преголема. За споредба за нијанса поефтина цена лани платив NBA League Pass кој нуди гледање над 2500 кошанатпревари (директно или одложено до 24 ч). Не ми паѓа на ум да се размислувам помеѓу таа онлајн услуга и Вест на пример (кога ете би се пресметувал за што да ги дадам). Сепак онлајн вредноста е различна и се пресметува по други параметри. Плус, станува збор за таблод и за кои информации луѓето баш и немаат некој зорт. Има остра дискрепанца на цена и вредност на содржината. Како и да е, малку претплатници ќе има (нема да има финансиски ефект), сајтот им прерасна во идивидиком (ќе падне и влијание на јавноста) а печатените изданије полека ќе продолжат со тренд на бавно или ср. бавно намалување на продажбата. За жал не е тоа формулата за онлајн пробив. Но, да сме здрави па ќе видиме, би сакал да грешам.
Зоран Ричлиев Said,
октомври 27, 2011 @ 22:11
Значи вака.
Ова е проект во кој сум вклучен најдиректно, иако не е се` моја идеја и одлука. Се гледа од приложеното дека самите редакции одлучуваат за моделот. Три редакции, два модели. Дневник и Утрински продолжуваат со отворена политика на HTML копијата од весникот, а Вест храбро ги двои содржините што е за весник, што за веб. Трајл бај ерор.
Одзивот од првите два дена е повеќе од задоволителен! Јас лично сум анти-Мардок, но гледам дека пејволови (особено со одредена пропустност) се дигаат насекаде. Во целата шума на џанк-веб содржини, некои медиуми проценија дека навистина имаат што да продадат, односно дека имаат публика која се врзува токму за нив. Исто така, првичните резултати ја потврдуваат нашата претпоставка дека нашата публика е специфична и се врзува за печатениот формат повеќе од HTML варијантите. Можеби и самите медиуми (не само нашите, на МПМ) со третирањето на своите веб сајтови како рисајклбин за вести и информации придонесоа кон раст на верноста кон печатеното издание. Ние тоа им го овозможивме како премиум услуга, само за тој што ја сака, а таргетот пред се се оние што навистина не можат да го имаат печатениот примерок. Сепак, реакциите од МК се добредијдени.
Земајќи во вид дека и јас сум од луѓето кои се во тек со сите пејвол-лудории на мејнстрим медиумите во светот и бев скептичен во успех на оваа, за светот, веќе видена форма, а со кариера токму во мејнстрим медиумите, постепено прифаќам да платам за нешто што мислам дека чини, со идентитет и став, повеќе отколку да читам од шума на вести, агрегирана според алгориртам.
Главниот проблем е цената.
Аргумент еден: 10 денари – 5 денари за СМС = 5 денари. Ако цената ја ставиме 5 денари колку што е мојата желба… се плаќаат и сандачињата за СМС, софтверот, развојот…
Аргумент два: Цената на еден примерок можеби е скапа. Но, тоа е за проба или ако стварно ти треба да провериш нешто. Таргетот се претплатите, и тоа за странство, за тие што не можат да го купат весникот во трафика. Наскоро ќе има бандл понуди… Цената по примерок во нив паѓа значително.
Исто така, ова е проект во зачеток, но е ласиран во оваа незрела фаза поради интересот на самите медиуми. Секојдневно ќе се унапредува. Да се работи дигитален проект во компанија на печатени медиуими е малку… комплицирано… на сите им треба време да се прешифтаат…
razvigor Said,
октомври 28, 2011 @ 12:51
Прво би сакал да ви заблагодарам на сите за конструктивното учеството во муабетов.
Како на гледач од страна (е-сеирџија) сум ептен љубопитен како ќе успее обидов, оти ако успее ќе им отвори „пат“ (и очи) и на многу други издавачи: тековни и потенцијални и идни.
Ќе биде супер и да ги споредиме предвидувањата за различните елементи и финеси. Штом можам ќе искоментирам дополнително некои од изнесените податоци и ставови – и овде и на мојот профил на Фејсбук каде што е промовиран линков, а и на Пинг.мк ако и таму се развие дискусија.
razvigor Said,
октомври 28, 2011 @ 13:17
Зоран Ричлиев раскажува повеќе на темава во поткастот на Комуникации и радио МОФ во кој домаќин е Мите Кузевски…
Ана Џи Said,
октомври 28, 2011 @ 13:44
Еве и тука. Денес, кога постои „Сподели“, така да се размислува и делува е несфатливо, посебно за една компанија која работи со информации.
И еве ми идеја… Ќе се претплатам и тоа на годишно ниво, ќе ги споделам сите изданија со секој заинтересиран – за без пари. Ако има толку многу читатели, можеби и јас ќе заработам нешто (нели рекламите се таму каде што е публиката).
razvigor Said,
октомври 30, 2011 @ 10:22
Дискусија на темава има и кај линкот кон тој пост објавен на мојот профил на Фејсбук.