Бунтот на Туарезите во Мали

Една од научно-фантастичните книги кои сметам дека се многу актуелни е „Острови во Мрежата“ (Islands in the Net) од Брус Стерлинг. Објавена во 1988 година, одлично го антиципира влијанието на Интернет, а дел од дејствието се одвива во Мали и има врска со герилската борба на Туарезите, односно Кел Тамашек, како дел од глобалните промени.

Кога пред некое време на Глобал војсис видов дека има нов развој на настани токму со Туарезите во Мали, а потоа таму настана и државен удар за кој веќе почнаа да пренесуваат светските медиуми, решив да преведам еден напис за тоа. Испадна дека преведов два, поради динамичноста на случувањата, а бидејќи на Википедија на македонски немаше напис за овој народ, попат го започнав преведувајќи го воведот од англиската варијанта.

1 коментар »

  1. razvigor Said,

    март 26, 2012 @ 08:52

    Се надевам ќе се инспирирате да го зголемите фондот на знаење за странски работи на македонски јазик преку дополнување на преводот на Википедија или други слични активности.

RSS feed for comments on this post · TrackBack URI

Напиши коментар