Викиликс – тема на вестите на А1 од 19 часот
Поканет сум вечерва на вестите на А1 на муабет за Викиликс. Би сакал да ги претставам мислењата од блогосферата. Ваши сугестии и насоки?
Поканет сум вечерва на вестите на А1 на муабет за Викиликс. Би сакал да ги претставам мислењата од блогосферата. Ваши сугестии и насоки?
Денес на панелот на Центарот за истражување и креирање политики кажав дека не се сеќавам дека во македонската историја имало случај да се смени нешто преку правење документи достапни до народот во нивната целосна и изворна форма, како што тоа го прават Викиликс. Низ дискусијата беа споменати неколку случаи на протекување, но сите беа на доставување до медиуми, кои потоа објавувале делови или можеби и цели. Подоцна дознав дека и Александро објавил негова топ листа на протекувања.
На брзинка ќе изнесам податоци кои денес на панелот ветив дека ќе ги објавам на блог, а понатаму планирам да објавам малку поопширни постови за тој настан и вчерашната дебата во ГЕМ-клубот.
Споменав дека истекувањето информации не е нов концепт, дека постои и комерцијална примена во Русија, за која дознав од Вајерд (16.08) од јуни 2008 г.:
__(’Read the rest of this entry »’)
Интересот за аферата Викиликс во македонската јавност не стивнува. Неделава веќе поминаа два најавени настани, Сподели кино во галерија 7 и една дебата „Зборно место“ во ГЕМ-клубот, а денес треба да се одржат панел дискусии во Клуб на новинари.
__(’Read the rest of this entry »’)
Од блогот на Јасна Котеска дознав дека дала изјава за Ал Џезира на тема Викиликс. Целиот прилог е многу информативен и го препорачувам.
Во текот на неделава во Скопје ќе има два три јавни настани на кои ќе се дискутира на оваа тема
__(’Read the rest of this entry »’)
Од многуте, овие две стрипчиња ми се видоа доста интересни. Обата се на англиски: